Викендов американскиот спорт беше во знакот на НФЛ Супер болот, на кој Њу Ингланд петриотс стигнаа (очекувано) до нова титула, и иако сè повеќе луѓе надвор од САД се заинтересирани за американскиот фудбал, на некои уште не им е јасно зошто е овој феномен.
Роналдо Назарио да Лима, или „дебелиот“ или „оригиналниот“ Роналдо, на својот Твитер профил ги праша американските фанови, зошто воопшто тој спорт го нарекуваат фудбал, а „нашиот“ фудбал е сокер.
„Дали некој може да ми објасни зошто овој спорт е фудбал, ако ова не е топка, и ако не се игра со нога?“, се праша Роналдо.
Роналдо делумно не е во право, бидејќи и во американскиот фудбал има шутирање и тоа понекогаш може да биде клучно во еден натпревар.
Alguém pode me explicar por que chamam esse esporte de futebol se isso não é uma bola e não jogam com o pé? #futebolSQN
Can someone explain why they call this sport football, if it’s not a ball and you don’t play it with a foot? pic.twitter.com/mr25mjWecD
— Ronaldo Nazário (@Ronaldo) February 3, 2019