Top Sport

Бен Арфа бара отштета од ПСЖ поради „дискриминација“

Поранешниот француски репрезентативец Хатем Бен Арфа, откако беше „замрзнат“ од својот поранешен клуб Пари Сен-Жермен повеќе од една година, пред француските судови бара отштета од 7 до 8 милиони евра, потврди неговиот адвокат.

31-годишниот Бен Арфа, кој сега игра за клубот Рен, поднел тужба пред Судот за работа во Париз минатата недела, вели адвокатот Жан-Жак Бертран, тврдејќи дека тој не бил во тимот не поради спортски причини туку поради „дискриминација“.

Париската авантура на Бен Арфа започна летото 2016 година и заврши на 5 април 2017 година, откако тој реши директно да се пожали на Емирот на Катар поради лошата комуникација со претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи. По ова, тој не заигра повторно за „светците“ и летото 2018 година замина во Рен.

Повеќе за неговата „епопеја“ можете да прочитате на линкот подолу.

Фото: ЕПА

Бен Арфа и „пеколот“ на „Паркот на принцовите“

Scroll to Top