Полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек признава дека е фасциниран од големината на Милан како клуб веднаш по доаѓањето, објаснувајќи дека дури и легенд како Кларенс Сидорф му барал фотографија.
Пјонтек имаше инстант учинок за Милан по трансферот од 35 милиони евра од Џенова, постигнувајќи три гола во првите три меча за „росонерите“.
„Ова е притисокот кој го избрав, да постигнувам голови во Серија А. Морам да се адаптирам, но нема да се сменам и сакам да останам истата личност. Милан? Сидорф бараше фото со мене! Неверојатно. Прекрасно е што луѓе како него ме познаваат и сакаат да зборуваат со мене, како Андриј Шевченко во соблекувалната пред мечот со Наполи. Кога го потпишав договорот, добив СМС-порака од Алваро Мората кој ми кажа дека ме следи и ми посака среќа. Фановите во Серија А полудеа“, вели Пјонтек.
Фото: ЕПА