Само една фотографија на социјалната мрежа Инстаграм беше доволна за навивачите на „црвените ѓаволи“ од Манчестер да паднат во транс.
Подолго време се споменува дека прославениот француски фудбалер, Ерик Кантона кој е дел од златната генерација на клубот од „Олд Трафорд“ би можел да стане директор на Јунајтед.
Тој не ги демантира шпекулациите, напротив, на Инстаграм објавил фотографија под која напишал „Не можам ништо да ви кажам, но ќе ве воодушевам“.
Обложувалниците на Островот рекордно брзо почнаа да собираат облози дека Французинот наскоро ќе седне во директорското столче во клубот.