Еден Азар според извештаите од Франција, веќе направил одлука да си замине од Челси во Реал Мадрид ова лето, ставајќи крај на „сагата“ околу неговата иднина.
Плејмејкерот подолго време е поврзуван со трансфер во Шпанија, а дури и тренерот Маурицио Сари му порача да направи одлука, и тој сега во интервју за француската радио станица „РМЦ“ јасно кажува дека направил одлука за иднината.
Според „Телеграф“ и други англиски медиуми, ова не значи останување кај „сините“, туку реализација на долгоочекуваниот трансфер кога ќе заврши сезоната. Едно нешто е јасно – нема прогрес во разговорите за нов договор, а Реал Мадрид наводно веќе му соопштиле дека направиле одлука тој да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.
Иако ќе има само 12 месеци од договорот со Челси на крајот на сезоната, „сините“ ќе бараат 100 милиони евра за својата ѕвезда.
Инаку, изјавата на Азар за „РМЦ“ е пред два месеци, но таа е дел од документарниот филм кој ќе биде објавен утре.