Второто коло на германскиот ДФБ куп донесе големо изненадување, откако Баер Леверкузен и покрај водството загуби со 2:1 од второлигашот Хајденхајм. Хамбург пак, успеа да издржи за 1:0 победа над Нирнберг и пласман во четврт-финалето.
„Фармацевтите“ поведоа преку Јулијан Брант во 44. минута, пред Хајденхајм да израмни преку Никола Доведан по почетокот на второто полувреме во 47. минута, за Морис Мултхауп да ги шокира фаворитите со гол во 72. минута.
ХСВ пак, влезе во четврт-финалето благодарение на голот на Беркај Озџан во 54. минута од мечот.