Top Sport

УЕФА утре ќе го укине правилото „гол во гости“?

Повеќе фудбалски веб-сајтови најавуваат дека УЕФА утре, конечно, ќе го укине правилото на „гол во гости“ во Лигата на шампионите.

Правилото со кое повеќе голови постигнати на гостински терен во двомеч носат пласман понатаму беше воспоставено првпат во 1960-тите години во Купот на победници на купови (КПК) на УЕФА, за при крајот на декадата да влезе и во Европскиот куп (сегашната Лига на шампиони).

Идејата беше да се поттикне напаѓачки фудбал на гостински мечеви, но во последно време правилото беше под критики дека поттикнува неатрактивна игра „на резултат“.

Ако ова правило навистина се укине, УЕФА мора да направи ново решение за мечевите кои ќе завршат израмнето. Една идеја е веднаш да се оди на изведување на пенали или голот во гости да вреди само во продолжението.

Тренерите бараат укинување на правилото „гол во гости“

Scroll to Top