Top Sport

Вулверхемптон се намачија со третолигашот Шрузбери

Во англискиот фудбал нема пауза – вечерва на програмата беа повторените натпревари од четвртото коло на ФА купот, и во четири меча во акција имаше само еден премиерлигаш, Вулверхемптон, кој едвај со 3:2 го победи третолигашот Шрузбери таун.

Во првиот натпревар, „волците“ се намачија да избегнат елиминација и одиграа 2:2, а не беше ништо подобро ниту во реваншот. Вулверхемптон дојде во водство во втората минута преку Мет Доерти, но гостите вратија со голови во 11. и 39. минута за изненадувачко водство на „Молињу“. Доерти ја врати рамнотежата со гол од пенал во последните минути од првото полувреме, пред Иван Кавалеиро да донесе победа за премиерлигашот.

Велшкиот Њупорт со 2:0 успеа да го елиминира Мидлзборо, додека Квинс парк ренџерс со идентичен резултат беа подобри од Портсмаут.

ФА КУП, 4.КОЛО, ПОВТОРЕНИ МЕЧЕВИ

Брентфорд – Барнет3:1

Њупорт – Мидлзборо 2:0

Квинс парк ренџерс – Портсмаут 2:0

Вулверхемптон – Шрузбери 3:2

Scroll to Top