Top Sport

Уапсен и претепан бидејќи носел дрес на Катар во ОАЕ!

Британецот Али Иса Ахмад може да заглави во затвор откако беше уапсен во Обединетите Арапски Емирати со неверојатен „прекршок“ – носел фудбалски дрес на Катар.

Ахмад, инаку навивач на Арсенал, бил уапсен откако го носел дресот на мечот од Азискиот куп на нации меѓу Катар и Ирак на 22 јануари, и иако првично бил пуштен, сега повторно е во притвор поради туркање со обезбедувањето на стадионот.

Катар е под „изолација“ на остатокот од арапските нации од Блискиот Исток поради обвинувањата дека спонзорираат исламски групации и во ОАЕ официјално е прекршок да покажеш поддршка за ривалите. Затоа беше посебно засрамувачки што Катар ја освои својата прва титула од Азискиот куп на нации токму во ОАЕ по победата над Јапонија во финалето, откако претходно во полуфиналето ги „прегазија“ ОАЕ со 4:0.

Пријателот на Ахмад, Амер Локи, вели дека британските власти прават сѐ тој да биде ослободен.

„Тој само отиде на фудбалски меч додека беше на одмор и ми кажа дека го уапсиле и претепале само поради дресот. Кога ми се јави имаше полицаец до него, така што не можеше да ми каже нешто повеќе. Откако бил нападнат од обезбедувањето, тој го пријавил инцидентот во полиција, и тие го привеле. Ми кажа дека е во местото Ал Шарџар“, изјави Локи за „Сан“.

Scroll to Top