Фудбалскиот свет со нетрпение ја очекува првата од трите пресметки на Барселона и Реал што ќе се одиграат во наредните месец дена. Барса и Реал ќе се соочат во полу-финалето на Купот на Шпанија (6 и 27 февруари), а потоа и во првенството 2 март.
Вечерва, првиот полу-финален меч во Купот, фудбалерите на Барселона ќе го одиграат со специјални дресови, нивните имиња ќе бидат испишани на кинески.
Кинезите на 5 февруари ја прославија Новата година според лунарниот календар, поради што во нивна чест клубот од „Ноу Камп“, решил играчите да ги потпише со писмото на најголемата нација во светот.
„На овој потег се решивме поради нашата стратегија брендот Барселона да започне да се шири и во Кина. Исто така нашиот тим наредното лето подготовките ќе ги спроведе на далечниот Исток, во Јапонија и Кина“, стои во клупското соопштение.
? #ElClásico this Wednesday is going to be very special… The Barça players will wear their names in Chinese to celebrate the #ChineseNewYear ?
为庆祝中国新年,明晚的国家德比红蓝军团将身披印有中文名字的球衣 pic.twitter.com/vGTJLrXgRl
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 5, 2019