Доминик Собошлаи, талентираниот унгарски фудбалер, во летниот преоден рок ќе биде трансфер цел на Баерн Минхен, пишува „Билд“.
Баварците ќе имаат жестока конкуренција во обид да го обезбедат потписот на 18-годишниот фудбалер, кој сезонава има пет настапи за првиот тим на Салцбург. Собошлаи настапува во редот за врска, а најпродуктивен е кога игра во централниот дел од теренот.
Интерес за Собошлаи има кај Аталанта, Интер, Арсенал и Јувентус. Цената наводно е нешто преку 10 милиони евра, што не претставува проблем за ниту еден од овие тимови.
Инаку, Баерн Минхен, во зимскиот преоден рок потпишаа договори со неколку млади фудбалери на кои сериозно клубот ќе смета во иднина.