Top Sport

В лице му фрлил сезонски билет од 87.000 денaри

Фудбалерите на Челси, вчера, беа декласирани од Манчестер сити (6:0), а по завршувањето на мечот навивачите покажаа што мислат за играчите на Маурицио Сари.

По мечот, Антонио Ридигер, свесен за срамотното издание на Челси се упатил кон трибината каде што се биле сместени навивачите на Челси и на еден од навивачите му го подарил својот дрес.

Во тој момент еден револтиран фан кон Ридигер го фрлил својот сезонски билет, а останатите испорачале еден куп навреди на адресата на Германецот и неговите соиграчи.

Инаку сезонски биле за натпреварите на Челси чини 1.250 фунти (87.000 денари).

Челси на последните пет натпревари во Премиер лигата забележаа три порази, без да постигнат гол: Арсенал 0:2, Бортнумт 0:4, Манчестер сити 0:6.

Scroll to Top