Шон Марфи го совлада инспирираниот Рони О’Саливен со 10:8 за да ја освои титулата од турнирот Шампион на шампионите во Ковентри.
О’Саливен губеше со 8:4 и 9:5, пред да се врати до 9:8, и изгледаше дека е на пат до славна победа, пред да промаши една тешко поставена зелена. Петкратниот светски шампион на стартот поведе со 2:0, пред Марфи да се врати на 2:2. По паузата, Марфи поведе со 4:2, пред О’Саливен да врати еден фрејм и да израмни на 4:4. По рестартот, Марфи направи предност со одлична игра, пред О’Саливен да го има инстересниот половичен кам-бек.
На турнирот Шампион на шампионите се настапува само со покана и тука обично играат победниците на големите турнири во последните 12 месеци. О’Саливен и лани загуби во финалето, тогаш од Џон Хигинс.
Марфи ја додаде титулата на ткн. „тројна круна на снукерот“ – Светската титула, УК шампионатот и Мастерсот, додека неговата победа на Гибралтар опен во март беше негова седма ранкинг титула.
WHAT. A. MATCH@Magician147 wins his first @188BET @ChampOfChamps title over Ronnie O’Sullivan! pic.twitter.com/6AbkKToC3e
— ChampionofChampions (@ChampOfChamps) November 12, 2017