Серхио Рамос, синоќа во Амстердам против Ајакс доби жолт картон поради што ќе го пропушти реваншот. Реал, на арената „Јохан Кројф“ победи 2:1. Жолтиот картон на Рамос не е спорен, но спорна е изјават по натпреварот дека имал намера да биде опоменат за да ги исчисти картоните, во пресрет на четврт-финалето.
„Би лажел кога би рекол дека не го направив тоа со намера. Не сакам да ги потценам Ајакс и да кажам дека веќе се е готово, но факт е дека мие потребен одмор. Ќе го гледам реваншот од трибините и ќе навивам за своите соиграчи“, рекол Рамос.
Сега на потег е УЕФА, дали ќе ги казнат Рамос и Реал или поради респектот кон „кралскиот клуб“ УЕФА ќе им „прогледа низ прсти“.
Оваа сезона УЕФА го казни играчот на Порто, Хесус Корона, кој како и Рамос признал дека намерно заработил жолт картон за да ја одлежи суспензијата во неважен натпревар, во фазата по групи, за неговиот тим.