Top Sport

Монако го отпушти потпретседателот Василјев поради „сериозни грешки“

„Циркусот“ во Монако продолжува, откако поранешниот француски шампион го отпушти потпретседателот Вадим Василјев поради „сериозни грешки“ кои тој ги направил по кој тимот е при дното на Лига 1, потврди претседателот на клубот, Дмитриј Риболовлјев.

„Беа направени сериозни грешки по што следуваат нашите најлоши резултати последните седум години. Време е за промена. Овие промени не влијаат само на тимот, туку и на менаџментот“, изјави Риболовлјев.

Монако се на 18. место во Лига 1 од 20 клуба, еден поен зад безбедноста по малото подобрување на формата откако го вратија поранешниот тренер Леонардо Жардим по отказот за Тјери Анри. 44-годишниот Португалец Жардим, кој ги предводеше Монако до француската титула и полуфиналето на ЛШ во 2017, беше отпуштен во октомври по слабиот старт на сезоната, но ниту поранешниот фудбалер на клубот, Анри не се покажа многу.

Scroll to Top