Top Sport

Фантастичната Влхова до златото во велеслалом (видео)

Младата словачка скијачка атракција, Петра Влхова очигледно има доволно сили да се бори за највисок пласман во секоја трка, откако успеа да ја победи Американката Микаела Шифрин и Германката Викторија Ребензбург за да го освои златото во велеслалом на Светското првенство во шведскиот Оре.

23-годишната Влхова беше на второто место по првото возење зад Ребензбург, но во второто имаше најбрзо возење и успеа да го подобри времето на Шифрин, која скијаше пред неа. Ребензбург беше побрза на сите мерни точки, но во финишот ја загуби предноста и заврши на второто место, додека Шифрин се задоволи со бронзата.

Ова беше слатка одмазда за Влхова, која оваа сезона редовно ја гледаше како Шифрин победува во Светскиот куп. Ова е прв златен медал на големите натпреварувања за големата надеж на светското скијање.

Scroll to Top