Јувентус подготвиле понуда за напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. „Тутоспорт“ објави дека челниците на „старата дама“ биле подготвени да платат 50 милиони евра и да го испратат Паоло Дибала во Ливерпил, во замена за репрезентативецот на Египет.
Целта на Јувентус е да ги спојат Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, но прашање е дали во Ливерпул постои интерес за ваков трансфер.
Дибала е проценет на 100 милиони евра, а интерес за него покажуваат и големите ривали на Ливерпул, Манчестер Јунајтед.
Салах има искуство во Серија А. Тој во минатото настапуваше за Фиорентина и Рома.
Сезонава, Египѓанецот има постигнато 20 гола на 34 натпревари во сите натпреварувања.