Top Sport

Валверде го продолжил договорот со Барселона

Челниците на Барселона и тренерот Ернесто Валверде договориле соработка и за наредната сезона. Со новиот договор двете страни ставија крај на шпекулациите околу иднината на Валварде.

На официјалната интернет страница на клубот е објавена информацијата дека Валверде ќе биде тренер и во сезоната 2019/2020. Во договорот постои и клаузула дека истиот може да биде продолжен з уште една година.

Во текот на денот Валверде треба да го стави својот потпис на новиот договор.

Валверде, во првата сезона со Барселона ја освои дуплата круна, а оваа ја започна со трофеј во Суперкупот на Шпанија.

Како тренер на Барселона има скор од 65 победи, 22 нерешени резултати и девет порази.

Scroll to Top