Кошаркарите на Њујорк Никс, во Атланта, ставија крај на серијата од 18 порази. Никс победија против Хокс 106:91.
Никс заедно со Финикс Санас имаат најмалку победи во сезоната, само 11. Тимот од „Големото јаболко“ победи прв пат по 5 јануари, кога со 119:112 победија против ЛА Лејкерс. Серијата од 18 порази е најлошата низа во историјата на франшизата.
Најефикасни играчи на Њујорк Никс беа Денис Смит јуниор (19 поени), Кадем Ален (14), Џон Џенкинс (14) и Деандре Џордан (10 поени, 13 скока).
Двејн Дедмон со 21 поен бил најдобар кај Атланта.
Никс се наоѓаат на последното место во Источната конференција со 11 победи и 47 порази, додека Атланта Хокс имаат скор од 19 победи и 39 порази.