Поранешната НБА ѕвезда на ЛА Лејкерс, Карим-Абдул Џабар, учествувал во расправата на тема дали е новиот предводник на Лејекрс, Леброн Џејмс, најдобриот играч на сите времиња.
Расправата ја поттикнал самиот Леброн, бидејќи пред еден месец во интервју за телевизијата ЕСПН, практично самиот си го додели тоа признание.
Тој рекол дека титулата што ја освоил со Кливленд по водството на Голден стејт Вориорс 1:3 направило „да биде најголемиот на сите времиња“.
„Рачочарувачки е да го слушате како ја игра оваа имагинарна игра, која е слична со прашањето „која сила е појака – летечката или невидливата/“. Ова прашање ми го поставуваат неколку пати неделно и секогаш го имам истиот одговор: низ годините играта толку многу се смени, што не постои рубрика за израмнување, што би ги покажале промените. Поради тоа, извини Леброн но ти не си ГОАТ (најголемиот на сите времиња), поради тоа што тоа е митско битие. Тоа е како да прашаш колку му е долг рогот на еднорогот“, рекол Џабар и дополнил:
„Џејмс е јунак на својата генерација и е прв на листата на современата „хит парада“. Не се сомневам дека таа чест ја заслужил. Поради тоа најдобро е да не расправаме на оваа тема“, рекол легендарниот центар.
Џабар е шесткратен НБА шампион, а на со 38.387 поени е најдобриот стрелец во историјата на лигата.