Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен излезе од сенка на својот најголем ривал Марсел Хиршер победувајќи го Австриецот за светската титула во велеслалом во Оре, Шведска.
24-годишниот Норвежанец, кој последните две-три години е најсериозниот конкурент на незапирливиот седумкратен шампион од Светскиот куп, Хиршер, на претходните два Светски шампионати остануваше без медал по пласманот на четвртите места, но во Оре пред голем број на норвешки фанови, конечно, се закити со златото.
Кристоферсен беше трет по првото возење зад лидерот Алексис Пинтуро и Хиршер, но беше фантастичен во втората трка, правејќи предност од 0.20 секунди пред Хиршер. Пинтуро, кој го освои златото во алпска комбинација во Оре, на крајот не изддржа во второто возење и остана со бронзениот медал.
Фото: ЕПА