Top Sport

Канаваро можен наследник на Липи како кинески селектор

Кинезите очигледно им веруваат на италијанските фудбалски стручњаци, откако Марчело Липи по заминувањето од селекторската позиција по Азискиот куп на нации им го препорачал Фабио Канаваро.

Липи работеше во Кина од 2012 со Гуангжу Евергранде, пред во 2014 година да стане технички директор на кинеската селекција. Од октомври 2016 до елиминацијата во четврт-финалето на Азискиот куп, Липи беше селектор.

Канаваро целосно би одел по стапките на Липи, бидејќи по неговото заминување од Евергранде, тој стана тренер на овој клуб. Сега, според „Ла република“, Канаваро веќе добил понуда да ја преземе селекторската позиција.

Scroll to Top