Top Sport

Роналдо и Јуве си газат! Дибала и ЦР7 ја комбинираа прославата (видео)

Јувентус стигна до рутинска 3:0 победа над Фросиноне во петочното отварање на 24. коло во италијанската Серија А, во меч во кој главната улога ја имаа Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.

Резултатот беше отворен уште во шестата минута и тоа на спектакуларен начин, откако Роналдо му асистираше на Аргентинецот, кој со фантастичен гол од далеку ги донесе Јуве во водство. По ова, дојде една неверојатна прослава, односно комбинација на две прослави – „Дибаламаска“ на Дибала и „Сиии“ на Роналдо.

Леонардо Бонучи во 17. минута зголеми на 2:0, а да нема сомнеж за победникот се погрижи повторно Роналдо со убав гол во 63. минута, за веднаш потоа да излезе од игра со завршена работа.

Јувентус, со натпревар повеќе, има 66 поени на врвот на Серија А, дури 14 пред Наполи, кој во недела игра со Торино. Фросиноне се претпоследни со 16 поени.

Scroll to Top