Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфрид Заха, ќе го пропушти мечот во ФА купот против Донкастер поради суспензија. Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја одбила жалбата на фудбалерот.
Заха доби црвен картон на натпреварот против Саутемптон, бидејќи саркастично му ракоплескал на судијата Андре Маринер. Заха доби два натпревари суспензија, поради што не играше против Фулам.
Покрај суспензијата репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска е парично казнет со 10.000 фунти.
Кристал Палас ќе гостуваат во Донкастер, в недела од 17 часот.