Американката Микаела Шеифрин го освои златниот медал во дисциплината слалом на Светското првенство во Оре. Шифрин влезе во историјата откако четврти пат ја одбрани планетарната титула во оваа дисциплина.
Американката победи во слалом и на првенствата во Шладминг 2013, Бивер Крик 2015 и Сент Мориц 2017. Шифрин е единствена (во женска и машка конкуренција) со четири последовни титули во една дисциплина на СП.
Шифрин до титулата дојде со вкупен резултат 1:57.05 минути. На втората позиција се пласираше Ана Свен-Ларсон од Шведска со време 1:57.63, додека бронзата и припадна на светската првенка во велеслалом Петр Влхова од Словачка.
Инаку Шифри на првенството во Оре има покрај златото во слалом, стана светска шампионка во супер-џи, а во велеслалом го освои бронзениот медал.