Европскиот првак Монпелје успеа во Полска да забележи победа над Кјелце 28 :27 (14:11), во А-групата, во Лигата на шампионите. Со трета победа во групата, ракометарите на Монпелје се најдоа на позицијата што им обезбедува пласман во нокаут фазата.
Монпелје максимално ги искористија кадровските проблеми во редовите на Кјелце и успеаја да освојат важни бодови. Кјелце на овој натпревар играше без двајца значајни играчи во ротацијата, поранешните вардарци Алекс Дуешбаев и Лука Циндриќ.
Бранителите на титулата го контролираа натпреварот, во клучните моменти ги одбија нападите на домаќините и стигнаа до третата победа во сезоната.
Гребиј и Ричардсон со по шест гола го предводеа нападот на Монпелје, додека на спротивната страна најефикасни беа Агинагладе и Перез со по четири гола.
На две кола до крајот на фазата по групи, Монпелје се на шестото место со седум бода, колку што имаат и Мешков Брест. Кјелце останаа на четвртото место со 14 бода. Во оваа група претходно Мешков победија против Рајн Некар 27:24.