Белгиската тенисерка Елис Мертенс е сензационална победничка на ВТА тенскиот турнир што се одржа во Доха. Мертенс по голема борба, во три сета беше подобра од Симона Халеп со резултат 2-1 во сетови, или 3-6, 6-4, 6-3.
Ова беше петти трофеј за Белгијката која ја доби Романката иако загуби во првиот сет. Сепак, во останатиот дел од мечот Мертенс доминираше на теренот во Катар.
Од утре поразената Халеп и понатаму ќе остане на втората позиција на ВТА листата, додека победничката на турнирот ќе напредува од 22-та на 17-та позиција на листата.
Simply stunning! ?@elise_mertens puts together a gutsy comeback 3-6, 6-4, 6-3 to take the #QTO2019 title! pic.twitter.com/Osfluv8vNk
— WTA (@WTA) February 16, 2019