Top Sport

Шок на тренинг на Баерн, голманот се онесвести по удар со топка в глава

Вчерашниот тренинг на Баерн Минхен завршил драматично откако младиот 19-годишен голман на клубот, Рон-Торбен Хофман остана без свест откако со топка беше погоден в глава, пишува „Билд“.

Соиграчите биле шокирани затоашто не знаеле што се случува со голманот кој станал да лежи на тревата.

Најтешко му било на Џером Боатенг кој целиот во паника тропал на вратите од кампот и ги викал докторите кои не биле во близина кога се случил инцидентот.
Рибери, Рафиња и Урлих се обиделе да му помогнат на младиот чувар на мрежата, но на крајот сепак пристигнале докторот и физиотерапевот и успеале голманот да го освестат.

Засега нема информации дали Хофман ќе има последици од ситуацијата.

Scroll to Top