Хајдук на „Пољуд“ го претстави својот нов тренер Жељко Копиќ, кој доаѓа на местото на Шпанецот Жоан Кариљо кој беше отпуштен по срамниот 2:3 пораз од Рудеш во меч во кој „билите“ имаа 2:0 предност.
Сплиќани овојпат се решија за хрватски тренер, 40-годишниот Копиќ, кој претходно беше тренер на Загреб и Славен Белупо. По шпекулациите дека претседателот на клубот Иван Кос е навивач на Динамо Загреб, сега на клупата седнува човек кој претходно бил јуниор на Динамо.
„Да, бев во Динамо како јуниор и таму станав репрезентативец. Но, сега доаѓам во домот на Хајдук, на Торцида и на сите луѓе кои Хајдук ги зближува. Од денеска сум најголемиот навивач на Хајдук и вистински војник на клубот. Имаме добар тим и кадар и ќе се вратиме на добрите игри. Имам јасна визија како треба Хајдук да игра и ќе бидеме препознатлив тим“, изјави Копиќ, кој инаку потекнува од Осиек.
Хајдук по 15 кола во хрватскиот шампионат е само четврти со 25 поени, дури 12 помалку од лидерот Динамо.