Top Sport

Даниел Малдини даде гол за Милан, тато го гледаше од трибините (видео)

Синот на Паоло Малдини, 17-годишниот Даниел даде гол за младинскиот тим на Милан (Примавера), додека неговиот татко, сега спортски директор на клубот го следеше од трибините.

Со број 10 на грбот и играјќи напред, додека неговиот татко беше „шеф“ во одбраната, тинејџерот постигна убав гол, а неговиот татко збунето гледаше од трибините.

Даниел е најмлад син на Паоло и четврт Малдини кој играл за Милан – по неговиот татко, неговиот дедо Чезаре и неговиот постар брат Кристијан, кој сега игра во Серија Ц за тимот на Фано. 22-годишниот Кристијан Малдини немаше официјален настап за Милан и Даниел се надева дека нема да ја повтори оваа судбина, откако клубот наводно сака да му даде нов договор со што ќе го обврзе далеку од сегашниот краен рок во 2021 година.

Неодамна, Сер Алекс Фергусон  изјави дека кога се обидел да го донесе Паоло во Манчестер јунајтед, неговиот татко, покојниот Чезаре му одговорил кратко: „Мојот дедо е Милан, мојот татко е Милан, јас сум Милан и мојот син е Милан. Заборави!“. Паоло Малдини играше три децении кај „росонерите“ и освои 26 трофеи со нив.

https://topsport.mk/fudbal/shto-mu-kazhal-chezare-maldini-na-ferguson-koga-se-obidel-da-go-donese-paolo/
Scroll to Top