Top Sport

По нападите во Бразил, Пирели го откажа тестот

Пирели и Мекларен одлучија да го откажат тестирањето на гумите на патеката Интерлагос покрај Сао Пауло во вторник откако имаше неколку инциденти со вооружени напади на Ф1-персоналот на Бразилското ГП минатиот викенд.

„Одлуката донесена заедно со Мекларен, ФИА и Формула 1 е направена во интерес на безбедноста на персоналот кој ќе учествуваше на тестирањето“, се вели во соопштението на Пирели.

Во неделата имало обид да се ограби едно комби на Пирели на патеката, но лицата биле спречени од обезбедувањето на италијанската компанија. Овој напад доаѓа откако во петокот навечер членови на тимот на Мерцедес биле нападнати од вооружени напаѓачки кога заминувале од патеката до хотелот.

Грабежи пријавија и од тимовите на Заубер и Вилијамс, додека еден автомобил користен од официјалните лица на ФИА бил украден.

Ништо ново во Бразил – ограбени членови на Мерцедес

Scroll to Top