Top Sport

Мајката на Маркез го молела Зарко да биде внимателен

Францускиот Мото ГП дебитант, Јохан Зарко открива дека мајката на Марк Маркез пред неделната трка во Валенсија побарала од него да биде „внимателен“ за да не ризикува судир со нејзиниот син, кој подоцна ја освои четвртата Мото ГП титула.

Маркез и Зарко беа на првото и второто место во квалификациите, додека на Маркез му беше доволно и 11. место за да го победи Андреа Довициозо во Дукати за титулата. Зарко и Маркез се бореа за водството во поголемиот дел од трката, и Маркез призна дека грешката во финишот на трката беше предизвикан од „стравот“ од Зарко.

Но, Зарко вели дека одел „полека“ во текот на трката, бидејќи мајката на Маркез го побарала тоа.

„Неговата мајка ми кажа: ‘Те молам Зарко вози полека’. Одев да си легнам и се возев на скутерот и ја видов дека оди кај мене. Јас ѝ кажав да не се грижи дека ќе послушам. Но, на крајот изгледа Марк повеќе ја слушаше својата мајка“, изјави Зарко.

Откако Маркез остана зад лидерите, Зарко се бореше за победата со колегата на Маркез од Хонда, Дани Педроза, кој успеа да го помине во последниот круг. На Зарко му избега деби победата за само три десетинки од секундата.

„Морам да бидам среќен и да не се разочарувам. Имав шанси за победа и мислам дека ги искористив. До последната кривина верував дека можам да нападнам, така што морам да сум задоволен што се борев до крај“, додава Зарко.

 

Scroll to Top