Пред својот прв официјален натпревар како менаџер на Вест Хем, Шкотланѓанецот Дејвид Мојс даде неочекувана изјава која може да каже колку тој верува на својот тим и шансите за опстанок.
Фановите на Вест Хем ќе се потсетат на приказната на Сандерленд, кого Мојс „успешно“ ги прати во Чемпионшип со 12 порази во последните 16 меча, по што си замина од тимот. Во интервју со „Гардијан“ пред неделниот меч со Ватфорд, Мојс вели дека знае дека го чека тешка задача.
„Не мислам дека имаме лош тим, но навистина не можам да се оптоварувам со глупости. Ќе бидам директен со играчите – ако не им се допаѓа тоа, тогаш тоа е нивни проблем“, најавува Мојс.
Сепак, поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер јунајтед знае дека работите можеби нема да функционираат.
„Ако профункционира тогаш ОК. Ако не, тогаш ќе го погледам Ист енд на Лондон седум месеци и ќе одам на друго место“, вели Мојс.
Нешто што сигурно ќе ги „израдува“ фановите на „Чеканите“.