Македонската женска фудбалска репрезентација денеска ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.
Жрепката во Нион сакаше Македонија да биде извлечена од петтиот барабан и да се најде во група со Франција, Австрија, Србија и Казахстан.
Квалификациите ќе се играат од август до октомври годинава, па потоа женски фудбал ќе се игра и во ноември, март, април, јуни и септември наредната година.
Директен пласман на Европското првенство обезбедуваат првопласираните селекции, како и трите најдобри второпласирани репрезентации. Освен нив уште шест второпласирани екипи ќе играат бараж за да ги пополнат останатите три слободни места.