Светската ракометна федерација избира нај-играч за 2018 година, во машка и женска конкуренција.
Кај мажите најдобриот играч ќе биде избран од овие пет ракометари:
Сандер Сагосен (Норвешка – ПСЖ), Џим Готфридсон (Шведска – Флензбург), Расмус Лауге Шмит (Данска – Флензбург), Микел Хансен (Данска – ПСЖ), Винсент Жерард (Франција – Монпелје).
Наградата за најдобра ракометарка за минатата година ќе оди во рацете на една од петте девојки:
Амандин Лејно (Франција – Вардар/Ѓер), Ана Вјахирева (Русија – Ростов Дон), Кристијан Неагу (Романија – ЦСМ Букурешт), Стине Офтедал (Норвешка – Ѓер), Естеле Нзе Минко (Франција – Шиофок).
И ракометните навивачи во нашата земја имаат можност да гласаат на сајтот на ИХФ, а симпатиите сигурно ќе не однесат кон екс-голманката на Вардар, Лејно
Гласањето ќе трае до 15 март.
http://www.ihf.info/en-us/mediacentre/voting/worldhandballplayers2018.aspx