Top Sport

ЛЕ: Сите домаќини обезбедија осминафинале, Адеми единствен од Македонците (видео)

Аријан Адеми со Динамо Загреб е единствениот македонски фудбалер што успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на Европа. „Модрите“ од Загреб го совладаа Плзен со 3-0, откако на првиот натпревар беа поразени со 1-2.

Нашиот Стефан Ристовски со неговиот Спортинг не успеа да го изненади Вилјареал во Шпанија, одиграа само 1-1, откако претходно во Португалија загубија со 1-0.

Лигата на Европа заврши и за младиот Елиф Елмас, кој иако со Фенербахче славеше во Истанбул со 1-0 против руски Зенит, сепак Русите вечерва беа поубедливи и со 3-1 го елиминираа турскиот претставник.

Арсенал го елиминираше БАТЕ Борисов, а Наполи немаше никаки проблеми со Цирих.

Резултати на натпреварите кои започнаа во 18.55 часот (во заградата се резултатите на првите мечеви):

Арсенал – БАТЕ Борисов 3-0 (0-1)
Динамо Загреб – Плзен 3-0 (1-2)
Ајнтрахт (Ф) – Шахтјор 4-1 (2-2)
Наполи – Цирих 2-0 (3-1)
Салцбург – Клуб Бриж 4-0 (1-2)
Валенсија – Селтик 1-0 (2-0)
Вилјареал – Спортинг 1-1 (1-0)
Зенит – Фенербахче 3-1 (0-1)







Scroll to Top