Анте Назор го наследи Слободан Суботиќ на тренерската функција во кошаркарскиот клуб Цибона.
Назор минатата сезона го предводеше МЗТ Скопје и со екипата од Аердорм ја освои титулата во домашното првенство, а во АБА лигата успеа да избори опстанок.
На клупата на Цибона овој млад стратег ќе дебитира викендов кога Цибона ќе се сретне со екипата на Игокеа.