Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека во никоја ситуација Челси не бил неговиот клуб за избор, бидејќи таму менаџерите се „на краток рок“, а тој преферира да работи на долгорочен проект, каков што го има под богатите сопственици на актуелниот англиски шампион.
Зборувајќи за својата прва сезона на клупата на Сити, тој вели дека никој во клубот не се сомневал во неговиот начин на работа, додека во Челси ако нема резултати веднаш следува отказот, каков што беше примерот со Жозе Мурињо, Антонио Конте, а сега под притисок е и Маурицио Сари, иако дојде во клубот во текот на летото.
„Во првата година во Манчестер сити немаше сомнежи околу мене. Никогаш не излезе вест во медиумите дека јас ќе добијат отказ ако го загубиме следниот натпревар. Бев изненаден што Челси го отпуштија Антонио Конте иако ја освои титулата само бидејќи загуби еден или два натпревари на почетокот на сезоната. Си кажав: ’Вау, но само пред два-три месеци тие станаа шампиони!’. Јас никогаш не бев потенцијална можност за Челси. Решив да одам во Баерн Минхен, па да дојдам тука со Феран Соријано и Чики Бегиристаин, бидејќи тие ми веруваат. Првата сезона, кога беше тешко, кажавме дека ни е потребно време и тие ме поддржија. Фудбалерите знаеја кој е менаџер и кој ќе биде менаџер. Беше стабилно, и така најдобро се работи, а не само на краток период“, објаснува Гвардиола за „Дејли мејл“.