Top Sport

Танкоски го предводеше Металург до супер-победа во Букурешт

Металург ја забележа својата само трета победа во регионалната СЕХА лига, откако младиот состав успеа да го „излечи“ проблемот „второ полувреме“ и со неверојатен кам-бек стигна до 28:26 (11:12) победа на гостувањето кај Стеауа Букурешт.

Деби-сезоната на Стеауа во регионалното натпреварување ќе заврши без настап на Фајнал фор, но романскиот клуб во моментов има посилен тим од Металург и тоа го покажа откако во второто полувреме направи предност од максимални пет гола разлика (19:14, 20:15).

Меѓутоа, потоа следуваше фантастичниот кам-бек на Металург, предводени од 20-годишниот Марио Танкоски, кој мечот го заврши со 9 гола за македонскиот клуб на две минути до крајот да дојде до само втората предност на мечот. Нервите го направија своето, но Мартин Серафимов и Милан Лазаревски постигнаа голови во интересниот финиш за заслужена победа.

Фото: СЕХА

Scroll to Top