Фудбалерите на Тотенхем попладнево беа непријатно изненадени на гостувањето кај Барнли во меч од Премиер лигата. Пулените на тренерот Покетино загубија со 2-1.
Во редовите на Тотенхем по повредата се врати капитенот Хари Кејн.
Првото полувреме од мечот донесе неинтересен фудбал без голови.
На стартот на вториот дел Барнли го отвори резултатот со голот на Вуд во 57. минута. Хари Кејн по само 8 минути го израмни резултатот на 1:1.
Кога се очекуваше дека Тотенхем ќе го зададе последниот удар на мечот, Барнс погоди во 83. минута за 2-1 и му нанесе пораз на фаворитот.
https://youtube.com/watch?v=BMc8iAKKtS4