Сопственикот на француски, Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи при потпишувањето на нов спонзоски договор ланецот на хотели „Акор“ одговараше на прашања на новинарите на „Ле Парисиен“.
Запрашан дали Нејмар или Мбапе можеби ќе го напуштат клубот поради финансискиот фер – плеј, Ал Келаифи е дециден дека и двајцата фудбалери со сигурност остануваат во клубот.
„Тие остануваат во Париз. Многу медиуми пишуваат дека ќе мора да продадеме некои од нив двајца. Тоа не е точно. Остануваат! И тоа не го викам со 100% сигурност, туку со 2000%!“ – вели газдата на ПСЖ.
Во врска со евентуалниот ангажман на Арсен Венгер на клупата на „светците“, Ал Келаифи е дециден:
„Имам многу добри односи со Арсен. Тој е одличен менаџер и тренер. Има големо фудбалско знаењe. Но нема преговори со него“.