Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски одигра одличен меч попладнево за Лидс Јунајтед, а притоа постигна погодок со кој домачините ги земаа трите бода против тимот на Болтон. Резултатот беше 2-1.
Лидс поведе со голот на Бамфорд од пенал во 16 минута. Гостите на полувремето имаа 1-1. Стрелец на израмнувачкиот погодок беше Беверс во 22 минута.
Победата и трите бода за Лидс беа дело на Алиоски со прекрасен гол во 68 минута.
За Алиоски ова беше шести погодок за Лидс сезонава во Чемпионшип.
По 34 одиграни кола Лидс Јунајтед собра 64 бода и ги задржа шансите следната сезона да игра во Премиер лигата.
Ова е погодокот на Алиоски:
GOALLLLL ALIOSKI 2-1 LEEDS #LUFC pic.twitter.com/xFuZfyvAvE
— LUFC Goals (@LUFC_Goals) February 23, 2019