Дербито на 25 коло во шпанската Примера може да се опише со само еден збор – Меси.
Аргентинскиот волшебник постигна хет-трик на „Санчез Писхуан“ во Севилја, а имаше и една асистенција за победа со пресврт на Барселона над Севилја со 2-4.
Домаќините поведо со 1-0 со голот на Навас во 22 минута.
Барселона по само 4 минути израмни со прекрасен волеј удар на Меси по нафрлената топка од Ракитиќ од левата страна. Но тоа не беше се во првиот дел.
Севилја играше храбро и отворено, а таквата игра им се исплати во 42 минута кога Меркадо го матираше голманот на Барса, Тер Штеген.
Во вториот дел се играше 67 минута, кога погреши одбраната на Севилја, па топката стигна до Дембеле, овој додаде до Меси со генијален потег носи израмнување, 2-2.
Третиот гол на Меси, мајсторки, со лоб на голманот во 85 минута дојде по една одбиена топка. Со тоа беше направен целосен пресврт, а домаќините деморализирани.
До крајот, во судиското продолжение, на асистенција на Аргентинецот, повторно со лоб прецизно стрелаше Суарез за конечни 2-4.
Во наредното коло Барселона гостува на „Бернабеу“ во дербито против Реал Мадрид.