Јувентус ја продолжи 11-годишната традиција да ги победува Болоња на нивниот „Ренато Дал’Ара“, откако Пауло Дибала беше „џокерот“ на тимот на Макс Алегри за минимална 1:0 победа.
Јуве немаше пораз на гости во Болоња од 3:0 триумфот во ноември 1998, по која следуваа 10 победи и 5 ремија. Но, домаќините, под водство на новиот тренер Синиша Михајловиќ грчевито се борат за опстанок и имаа подобро прво полувреме против „грогираниот“ Јуве, кој загуби со 2:0 од Атлетико во првиот меч од осминафиналето на ЛШ.
Едера и Сантандер го погодија дирекот во првото полувреме, додека Бернардески ја имаше најдобрата шанса за Јуве во 32. минута, со убав удар. Мечот го смени Пауло Дибала, кој откако влезе во игра во 59. минута, во 67. минута ја искористи лошата интервенција на одбраната на домаќините за победа за враќање на самодовербата.
СЕРИЈА А, 25.КОЛО
Сампдорија – Каљари 1:0
Болоња – Јувентус 0:1
Киево – Џенова 0:0
Сасуоло – СПАЛ 1:1
Фото: ЕПА