Србија, конечно, го потврди својот пласман на Светското првенство во Кина по убедливата 97:76 победа над Израел во Белград, а од групата К им се приклучи и Русија, по 91:76 победата над Финска.
Тимот на Александар Ѓорѓевиќ сигурно ќе биде еден од фаворитите за висок пласман на Мундијалот, но квалификациите не пројдоа најдобро. Владимир Лучиќ беше лидер со 22 поени, Драган Милосављевиќ додаде 20, додека Милош Теодосиќ имаше 11 поени и 9 асистенции.
Додека во Белград немаше неизвесност во исходот на мечот, Русија се врати од неверојатна негатива од 18 поени за победата над директниот конкурент за пласман, Финска. Гостите водеа во текот на целиот меч и беа во предност до последната четвртина, кога Мико Коивисто ги утна трите слободни фрлања при 67:64 за Финците и во последниот осум минути се случи вистински колапс на нивната игра.
ГРУПА К
Русија – Финска 91:76 (16:28, 21:10, 21:27, 33:11)
Босна и Херцеговина – Бугарија 87:67 (24:25, 19:10, 22:19, 22:13)
Германија – Грција 63:69 (16:15, 18:18, 13:17, 16:19)
ГРУПА Л
Грузија – Естонија 77:84 (27:21, 15:27, 20:12, 15:24)
Србија – Израел 97:76 (26:18, 23:15, 18:17, 30:26)
Франција – Чешка Република 82:66 (16:15, 21:17, 21:18, 24:16)