Top Sport

Веспрем го помина Вардар, ППД Загреб загуби добиен меч против Флензбург

ППД Загреб доживеа незгоден 21:22 пораз од германскиот Флензбург во интересната борба за пласман во групата Б од ракометната Лига на шампиони, каде што ПСЖ се врати на рутината со 36:32 победа на гости кај Целје.

Со овој пораз хрватскиот шампион падна на шестото место на табелата, откако Мотор без проблеми го совлада Скјерн со 33:22, и шансите за пласман понатаму се сведени на минимум. „Плинарите“ го имаа водството во поголемиот дел од мечот, но во финишот германскиот клуб беше посигурен за многу важна победа.

Во групата А, каде што е македонскиот шампион Вардар, Веспрем го надмина лошото прво полувреме за 28:20 победа над незгодниот тим на Мешков, за да се врати на второто место на табелата. Барселона, која вечерва гостува на актуелниот европски шампион Монпелје има 20 поени, Веспрем има 18, а Вардар 17 поени.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Веспрем – Мешков Брест 28:20 (9:10)

Монпелје – Барселона 19.00 ч.

Табела: 1.Барселона 20, 2.Веспрем 18, 3.Вардар 17, 4.Киелце 14, 5.Рајн-Некар Левен 14, 6.Мешков 6, 7.Монпелје 7, 8.Кристијанштад 5

ГРУПА Б

Целје – Пари Сен-Жермен 32:36 (17:17)

Мотор Запорожје – Скјерн 33:23 (13:9)

ППД Загреб – Флензбург 21:22 (11:9)

Табела: 1.ПСЖ 24, 2.Пик Сегед 19, 3.Флензбург 14, 4.Нант 13, 5.Мотор 11, 6.ППДЗагреб 10, 7.Целје 7, 8.Скјерн 6

Scroll to Top