Наполи стигна до импресивна 0:4 победа на гостувањето кај Парма, користејќи ја одличната форма на своите полски фудбалери.
Тимот на Карло Анчелоти дојде во водство на „Енио Тардини“ во 13. минута преку Пјотр Зиелински, за Аркадиуш Милик со својот прв гол во 36. минута да го удвои водството. Милик стрелаше уште еднаш во 73. минута, за во 82. минута да асистира на голот на Адам Унас.
Со победата, Наполи останува на второто место на табелата со 56 поени, дури 13 зад лидерот Јувентус, но и 10 пред третопласираниот Интер, кој вечерва гостува на Фиорентина.
Фото: ЕПА