Кепа Аризабалага е „херојот“ на денот. Голманот на Челси одби да биде заменет во финишот на вчерашното финале во ФА купот, што предизвика да биде изложен на големи критики во англиската јавност.
Инаку, Кепа не е првиот што одбил да биде заменет во текот на натпреварот. Слично, пред четири години постапил и Лионел Меси. Најдобриот играч на Барселона не ја испочитувал одлуката на тогашниот тренер Луис Енрике.
Тренерот, во ситуација кога Барселона води 3:0 против Селта, имал намера да го замени Меси, за да спречи евентуална повреда. Мунир стои крај аут линијата, но Меси одмавнува со раката.
Луис Енрике наоѓа компромисно решение и од игра го повлекува Нејмар.
„Верувам дека Меси се чувствуваше добро и дека сакаше да остане на теренот“, рекол по мечот незадоволниот Луис Енрике.
Меси со тој гест веројатно сакал да му покаже кој е главен во тимот.
No one cared when Messi refused to come off. Standards. pic.twitter.com/C8iBH2pqYH
— bshk. (@hurlstool) February 25, 2019