Top Sport

Кепа: Го почитувам авторитетот на тренерот

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, ги потврди зборовите на својот тренер Маурицио Сари, дека измената во финишот на второто продолжение, против Манчестер Сити, била едно големо недоразбирање.

Кепа, во финишот на мечот, одби да го напушти теренот и да му го отстапи местото на Вили Кабаљеро.

Сари, во тие моменти, го покажа својот бес, дури и се упати кон соблекувалната, а потоа влезе во расправија со своите помошници. По финалниот меч во ФА купот, кој Челси го загубија на пенали од Манчестер Сити, Сари, рекол дека погрешно ја разбрал реакцијата на својот голман.

Сари призна: Кепа беше во право, но не смее да се однесува така (видео)

Кепа е тема во англиските медиуми, јавноста бара да биде казнет, поради што тој се огласи со соопштение.

„Вознемирен сум и тажен бидејќи не го освоивме трофејот. Се боревме до крајот со еден извонреден тим. Ќед продолжиме да работиме за да бидеме посилни“, напишал Кепа и продолжил.

„Исто така сакам да ја појаснам ситуацијата што се случи во финишот. Немав намера да ја одбијам одлуката на тренерот. Станува збор за недоразбирање. Тренерот мислеше дека не сум во состојба да го продолжам натпреварот, а јас имав намера да му објаснам дека сум во состојба да му помогнам на тимот. Недоразбирањето траеше до моментот кога лекарскиот тим стигна до клупата и му објасни дека не сум повреден. Го почитувам тренерот и неговиот авторитет“.

Scroll to Top