Џовани Галеоне, италијанскиот тренер и „ментор“ на Масимилијано Алегри е сигурен дека тој ќе си замине од Јувентус ова лето, бидејќи „неговата авантура“ заврши.
Јувентус се разделија со Антонио Конте по три титули од Серија А и изненадувачки го донесоа Алегри од Милан, кој имаше разочарувачки четири сезони на „Сан Сиро“. Меѓутоа, тој ги исполни сите очекувања и во четири и пол сезони на чело на тимот од Торино ги замолче сите критичари. Освен четирите титули од Серија А и предноста од 13 поени оваа сезона, но и два порази во финалињата во Лигата на шампионите во 2015 и 2017 година.
Галеоне, кој беше тренер на повеќе италијански клубови од 1975 до 2007 година и е близок пријател и ментор на Алегри, се ближи крајот на соработката.
„Алегри во Премиер лигата следната година? Тоа го кажувам неколку години, но навистина не знам. Во Италија нема други клубови во кои би работел. Без разлика на како ќе заврши со Лигаа на шампионите оваа сезона, мислам дека престојот во Торино и авантурата со Јуве завршува ова лето. Минатата година тој можеше да стане тренер на Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но ги одби за да се обиде да освои ЛШ со Јувентус. Ако не направи, тогаш не е голема работа, но ако победи ќе ја посвети титулата на Ариго Саки“, вели Галеоне.